Холанѓаните го претставија револуционерниот соларен автомобил
Ова е првиот автомобил на светот кој може да се вози на подолги дестинации и кој се полни само со помош на сончева енергија..
Соларниот автомобил не е ништо ново и постои веќе подолго
време во автомобилската индустрија, но бидејќи истиот не може да обезбеди
транспорт за подолги релации, многу брзо го заменија хибридните и електричните
автомобили. Меѓутоа, холандската компанија „Lightyear" го претстави својот
соларен автомобил кој може да помине 725 километри, што е неверојатен напредок.
Овој автомобил го добил својот назив „Lightyear One“ и тука е за да му покаже на светот дека соларната енергија е најдобриот начин за да се спаси нашата планета. Поради недостатокот на природни ресурси и загадување на планетата, мораме што побрзо да преминеме на извори од чиста енергија. Сонцето не грее милиони години и сончевата енергија незапирливо поминува низ нас. Поради тоа, креаторите на овој автомобил сметаат дека ваквата технологија може да се имплементира на секој автомобил и така да се овозможи во иднина сите да возиме возила кои ќе се движат на чиста, безбедна и бесплатна сончева енергија.
Иако станува збор за прототип кој дури сега треба да се направи, оваа компанија веќе продаде 100 модели од овој автомобил, кои ќе им бидат испорачани на сопствениците во 2021 година. Цената на овој модел автомобил изнесува 119.000 долари, а тој може да се нарача на официјалниот сајт на компанијата.