ХОРОР: Маж од Гостивар со секира си ја убил сопругата
Утрово монструозно убиство ја потресе земјава. Околу 07:00 часот во полициската станица во Гостивар бил пријавен настанот од страна на синот на жртвата. Жена на возраст од 60 години од Гостивар била убиена со секира. Осомничен за стореното кривично дело е нејзиниот 67-годишен сопруг со иницијали Б.И, кој е жител на гостиварското село Бањица.
Жртвата со осомничениот подолг временски период биле во нарушени односи.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, во координација со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи, извршил увид на местото каде утринава е пронајдено тело на жена лишена од живот. Според првичните сознанија на обвинителството, осомничениот ја нападнал оштетената, па со употреба на секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото.
Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата.
Осомничениот по извршеното кривично дело се дал во бегство..