Хорор видео од самоубиството на убиецот од Врање: Побарал чаша вода, па се застрелал

Преговорите меѓу полицијата и убиецот Марјан Стаменковиќ траеле околу половина час

Марјан С., убиецот на Сара Асановиќ (27) од Врање, изврши самоубиство откако беше лоциран и опколен од полицијата.

Преговорите меѓу полицијата и убиецот Марјан Стаменковиќ траеле околу половина час откако тој бил лоциран во шупата во семејната куќа на улицата Иво Андриќ во Врање.

Во еден момент, убиецот рекол дека еден полицаец му бил на нишан, но дека не сакал да го убие.

Побарал чаша вода, рекол „да не биде жеден во другиот свет“ и се застрелал, раскажуваат луѓето што ги слушале преговорите меѓу полицијата и убиецот.

Последните моменти на убиецот може да се видат на видеото објавено од „РТ Врање“.

- Излези и предај се. Опкружен си! Нема потреба да пукаш во себе - викнал еден полицаец, а само неколку секунди потоа се слушнал истрел.


Инаку, Сара Асановиќ (27) беше убиена во саботата вечерта на бензинска пумпа во близина на градската автобуска станица во Врање.

Убиецот истрчал во кафулето каде што девојката седела со пријател и испукал неколку куршуми кон неа, а потоа избегал.

После тоа, полицијата интензивно го пребарувала градот, а неколку пати беше пријавувано дека Марјан бил забележан во центарот на градот.

Сара беше погребана на ромските гробишта во Врање, во присуство на 200 роднини, пријатели и соседи.


Фото и Видео: Youtube/rtvranje

Moжеби ќе ве интересира:

Исконско зло во детско тело: Не верувате дека е можно?! Ќе бидете згрозени од неговите злосторства