ХОРОСКОП ЗА КАРАКТЕР: Едни со здрав разум, други со глава во ѕид

Овен

Овните многу натпреварувачки настроени, не сакаат да губат и многу се практични кога станува збор околу победувањето на конкуренцијата. Колку и да изгледаат имплусивно на прв поглед, тие никогаш нема да влезат во некоја ситуација неподготвени.

Овните сакаат да бидат најдобри и добро ќе се подготват за остварување на целта се додека не бидат задоволни од проценката дека имаат голема шанса за победа. Тие се впуштат во ризик, но само доколку знаат дека ќе успеат на крајот.

Бик

Бикот може да биде многу практичен, но тој сака да си удоволува на себе, а може да биде и материјалист. Меѓутоа, Бикот никогаш нема да купи нешто дококу нема доволно пари за тоа.

Доколку треба да се совладаат и да не купат нешто додека не заштедат пари - Биковите ќе го направат тоа. Бикот е трпелив и упорен, па може да почека за нешто што му прави задоволство.

Близнаци

Близнаците се практични во начинот на кој постапуваат со другите луѓе. Тие кон другите се однесуваат онака како што би сакале кон нив да постапуваат: со љубезност, почит и искрен интерес.

Овој начин на однесување лежи во нивното вистинско разбирање и љубов кон човештвото. Тие го бараат најдоброто во луѓето, но не се наивни - имаат доверба во луѓето, но со доза на практичност.

Рак

Ракот не живее надвор од своите можности и во тоа се огледува неговата практичност. Луѓето со овој знак обично не купуваат работи на кредит, а доколку имаат долг на својата кредитна картичка, го отплаќаат редовно секој месец.

Приоритети им се домот и семејството. Тие нема да живеат во куќа која не може да си ја дозволат, нема да купат автомобил кој е надвор од нивните можности, па дури нема да излегуваат и да се хранат постојано во ресторани.

Лав

Лавовите се практични на повеќе начини, а тоа најмногу се гледа во нивната карактеристика дека не сакаат да предизвикуваат непотребни проблеми. Никогаш нема да започнатнешто само затоа што сакаат да се борат. Имаат доволно за себе и не мора да предизвикуваат неволји.

Лавовите никогаш не се грижат за она што би можело да биде; наместо тоа се сконцентрирани на она што може да го направат за да ја подобрат сегашноста. Лавовите преземаат акција и тие не се замараат со грижите, до мера да истите ги парализираат.

Девица

Девиците се практични во своите размислувања и постапки. Проблемите се решаваат така што не преземаат повеќе отколку што може да поднесат. Девиците секогаш прво завршуваат еден проект пред да започнат друг.

Девицата може неверојатно да се фокусираат, но им пречи кога некој бара од нив да го споделат вниманието на повеќе работи. Девиците знаат дека доколку пробуваат да направат повеќе, квалитетот на работата ќе опадне или ќе се случи работата да остане незавршена, потоа ќе бидат под стрес и ќе ги изневерат очекувањата.

Вага

Вагите се практични кога користат предмети и ги смислуваат нивните нови намени. Тие се запознаваат со околината и пробуваат да ги користат работите најдолго што може.

Вагите никогаш нема да се откажат од купување на нов автомобил или уред. А, доколку за нешто издвоиле многу пари, нема да се „спасат“ од истото, само затоа што излегле нови модели. Тие го користат она што го имаат.

Шкорпија

Шкорпиите се практични кога е во прашање вистината. Можеби се мистериозни и таинствени, но луѓето кои се родени во овој знак се трудат да не лажат. Иако сакаат да ја кажуваат вистината, подвлекуваат црта помеѓу вистината и суровоста. Шкорпијата никогаш нема да проба да ве уништи со вистината; подобро нема да ви каже ништо.

Да бидеш злобен и да имаш желба да ги повредиш луѓето, не е начин на кој функционираат Шкорпиите. Тие се чувствителни и знаат дека намерното повредување на луѓето на крајот не завршува добро.

Стрелец

Стрелците се многу практични во одлучувањето. Тие знаат кога и каде треба да донесат одлука, особено кога се во прашање ситуации кои ќе имаат големо влијание на нечиј живот. Стрелецот нема да донесе важна одлука кога расудувањето му е замаглено од емоциите или кога ги нема сите факти кои се потребни за носење на одговорни одлуки.

Иако постојат ситуации кога е потребно да се одлучи нешто во моментот, Стрелецот ќе проба да го избегне или ограничи тоа за да може внимателно да размисли се пред да ја донесе одлуката.

Јарец

Јарците се практично подготвени за се, а најпрактични се кога станува збор за нивната иднина. Тие сакаат да имаат план за својата пензија, за иднината на своите деца, како и за своите цели кои сакаат да ги остварат.

Тие прават планови и смислуваат чекори кои треба да ги преземат за да бидат сигурни дека ситуацијата ќе се одвива онака како што сакаат. Јарецот е повеќе од одлучен да ја заврши секоја задача и чекор кој ќе го осигура остварувањето неговата планирана иднина.

Водолија

Водолиите се многу практични во прилагодувањето на случувањата во сегашноста. Доколку не е нешто онака како што сака Водолијата, тогаш таа ќе се активира. Нема да чека и да се надева дека работите ќе се променат.

Водолиите се креативни и имаат големи идеи, а практични се во смисла на начинот да се остварат истите. Водолиите учат од грешките и не дозволуваат истите да ги одвратат од она што го наумиле.

Риби

Иако се сонувачи, сепак имаат здрав разум. Можеби имаат развиена фантазија и поседуваат уметнички сензибилитет, но добро знаат дека мораат да завршат одредени работи за да можат да живеат. Без разлика дали се работи за уметничко студио или подкровје, тие знаат дека им треба простор за создавање, но и средства за нивниот следен чекор.

Рибите знаат дека пред се мора да бидат способни да се грижат за себе.