ХОРОСКОПОТ НА баба ВАНЃА: На 4 знаци е фрлено проклетство

Веќе подолго време во Астрологијата се одгатнува добро чувана тајна за хороскопот од Бугарската јасновидка баба Ванѓа. Многумина веруваат дека сето она што го најавила односно го предвидела, се остварило, а за таквите нешта сведочат и многу предвидувања кои ги оставила. 

Бидејќи се занимавала и со Астрологија, често знаела што ги чека сите хороскопски знаци. Но, таа издвоила само 4 знаци за кои сметала дека е фрлена црна магија или дека нешто во животот не им оди поради космичките енергии или енергиите на луѓето, како и дека имаат афинитети кон сиромаштија и мизерија. Инаку сите 4 знаци ги сметала за многу силни!

Во нејзините гранции, таа најавила можен финансиски колапс на 4 знаци, односно припадници на луѓе со слаби енергии и недоволност од силни енергетски полиња кои нивниот организам не ги впива или немаат таква природна сила. Сепак, таа не кажува црни сценарија, туку огромна внимателност.

ЕВЕ ШТО РЕКЛА:

ШКОРПИЈА

Тие имаат остра интуиција и точно знаат кој како размислува, и тоа само со еден поглед! Со оглед на тоа што често минуваат низ некоја длабочина, тие имаат многу рафинирана способност да препознаат што може да се случи следно. Тие свесно преземаат ризик, иако внатрешниот глас им кажува како и што ќе биде. Тие обожаваат возбуда и акција, и од тие причини понекогаш нема ни да се слушаат себеси, и така прават повеќето кога станува збор за љубовта. Губејќи го паметот во љубовта, ги губат и парите. Не знаат да балансираат. Способни се да привлекуват туѓи негативни енергии, а со тоа и лоши магиски својства. Скоро сите припадници на овој знак се силни и можат да се изборат, но мораат многу да внимаваат. Знаат да си ја продадат душата за ситни нешта само за да бидат задоволени.

СТРЕЛЕЦ

Кај овој знак, интуицијата им е во мирување  ама се додека не најдат внатрешен мир. Кога тоа ќе се случи, мора да следи голема работа околу интуицијата што може да биде навистина голема и макотрпна. Бидејќи тоа е поврзано со внатрешно задоволство, ако не најдат мир, тие нема да бидат самозадоволени. И тука се слаби!!! Космичките лоши енергии знаат да удрат кај Стрелците онаму кај што се најслаби и да ги треснат од земја. Затоа, потребна е брзина за решавање на разни ситуации, брзо делување во многу работи, посебно на оние од кои им зависат финансииите. Сите припадници на овој знак стравуваат од црни мисли, а тоа е потпомогнато од магиски нешта кои некако им се протнале во нивните животи. Затоа посветете големо внимание на вашата интуиција. Научете ја да ве следи!

ВОДОЛИЈА

Водолиите спаѓаат во „длабоки“ знаци кои имаат моќ да чувствуваат скоро сè околу нив. Иако тие се многу друштвени, можат да изгледаат многу чудно. А, токму друштвеноста ги прави слаби! Зближувањето со секој не е препорачливо бидејќи ви ја црпат енергијата, и парите и среќата. Затоа треба да знаете како да разграничите кој е кој! Вие сте силен знак, но ве пратат и силни космички енергии кои не ви даваат мир. Потребно е да ја увидите вашата сила и да управувате со неа во вистиска насока. А како ќе знаете која е вистинската наока? Токму со развиеното чувство за перцепција кое задолжително треба да го доразвиете.

РИБИ

Рибите се духовници и тие често сонуваат за работи што им укажуваат на нешто, дали тоа е важен настан што може да следи или некои работи што навистина ќе се реализираат подоцна. Внатрешниот мир е исто така суштински за овој знак, како и задоволството што го има кое подоцна прераснува во интуиција. Нивното мотото е „Јас чувствувам“, а всушност ја опишува нивната способност и изразена интуиција. И бидејќи се способни на некој начин да предвидуваат, скоро секогаш се соочуваат со реалноста и имагинацијата. Што е што? Се препорачува да ги запишуваат соништата и да ги толкуваат релано и свесно. Од нив ќе научат многу, дури и ќе можат да ги контролираат.