И ние имаме парфеми и тоалетни води произведени во Македонија: Силни мириси, светски стандарди

Во 2005 година, археолози пронашле парфеми во Пиргос, Кипар, кои се сметаат за најстарите парфеми во светот. Датираат од пред повеќе од 4000 години. Парфемите биле пронајдени во прастара парфимерија. Во парфимерија од 4000 м² биле пронајдени најмалку 60 казани, садови за мешање, инки и шишиња од парфеми. Во древната историја, луѓето користеле билки и мирудии како бадем, коријандер, мирта, смола од зимзелено дрво, бергамот, како и разни цветови...

Да, разните мирисни ноти им биле познати и на древните народи. Тие знаеле дека таквите состојки имаат моќ на заведување, на распознавање, на стил...

Уметноста на создавањето на парфеми се практикувала во Западна Европа уште од 1221 година, доколку се земат во предвид рецептите на монасите од Санта Марија деле Виње или Санта Марија Новела во Фиренца, Италија. На Истокот, во 1370 година Унгарите произвеле парфем направен од миризливи масла помешани во алкохолен раствор, по наредба на Кралицата Елизабета од Унгарија, познат како Унгарска вода. Уметноста на создавање на парфеми напредувала во Ренесансната Италија, а во XVI век италијанската префинетост била одведена во Франција од страна на личниот произведувач на парфеми на кралицата Катарина Де Медичи, Рене од Фиренца (Renato il fiorentino). Неговата лабораторија била поврзана со собите на кралицата преку таен премин, за да се избегне ризикот од можна кражба на формулите. 

Благодарение на Рене, Франција брзо станала еден од европските центри за производство на парфеми и козметика. Во периодот помеѓу XVI и XVII век, парфеми користеле главно богатите за да го прикријат лошиот мирис на телото, кој бил резултат на нередовното капење. Делумно поради ова и била создадена индустријата за производство на парфеми. Во Германија, италијанскиот бербер Џовани Паоло Феминис создал парфимирана вода наречена Aqua Admirabilis, денес позната како колоњска вода (eau de cologne), а неговиот внук Џовани Марија Фарина во 1732 година го преземал бизнисот...

Денес има целосна експанзија! Светот е преплавен со парфеми и тоалетни води, најчесто оригинални, повеќето копии. Во предност е оргиналните парфеми на најреномираните модни куќи кои постојано лансираат нови мирисни ноти и за мажи и за жени. Се претпоставува дека многу повеќе овие куќи заработуваат од продажбата на парфеми отколку на облека.

Оригиналите претежно се скапи, но тие нудат многу поголема трајност и уникатни состојки. Јачината и трајноста на парфемот зависи од концентрацијата, јачината и трајноста на ароматичните соединенија (природните етерични масла/ миризливи масла) кои се користат: како што се зголемува процентот на ароматични соединенија, така се зголемува и јачината и трајноста на добиениот парфем. Различни парфимерии ставаат различна количина на масла во своите парфеми. Според тоа, иако концентрацијата на маслото кај разреден Eau de Parfum (EdP) е секако поголема од онаа кај тоалетна вода (Eau de Toilette (EdT)) до одредена граница, количината може да варира од парфимерија до парфимерија. Тоалетна вода од една парфимерија може да биде појака од тоалетна вода од друга парфимерија.

Точните формули на парфемите пуштени во продажба се чуваат во тајна. Дури и кога тие би биле јавно откриени, во нивната формула би доминирале така сложени состојки и мирисни компоненти, така што не би биле од голема помош на обичниот потрошувач во описот за доживувањето на мирисот. Сепак, добрите познавачи на парфеми можат да станат многу успешни во одредувањето на состојките и потеклата на мирисите исто како и експертите за вино.

Парфемот или тоалетната вода треба да биде неизоставен дел од еден стил и секој треба да си го пронајде мирисот што му одговара на неговиот сензибилитет. Невидлив моден додаток кој преку сетилата за мирис може да разгори нечии фантазии, спомени, желби, секс...

Во морето од секакви парфеми, тоалтни и колонски води, и Македонија ја има на листата на земји кои се занимаваат со производство на вакви деликатни течности. Нашите „преставници“ се уникатни и нема други такви.

Команијата “Алкалоид„ е лидер во овој поглед. Со години произведува мирисни ноти и за мажи и за жени. Предност се дава на автентичните- машкиот King и женскиот Queen.

King тоалетната вода има извонредно силна комбинација создадена за мажи со нагласена индивидуалност.

Софистицирана комбинација и богата хармонија на ноти од ориентален тутун со додаток на див лимон и италијански бергамот. Извонреден спој на мириси, за долготрајно пријатно и свежо чувство. Мирисот е комплексен и јасен и е идеален за секој индивидуалец.

Queen за неа изобилува со силната комбинација на овошни акорди и бели цветни ноти, кои го исполнуваат просторот и сетилата. Сензуален и елегантен за жени со нагласена индивидуалност. Тука се и Sattwa и Sah…

А, првиот парфем за жени создаден од македонски моден дизајнер е дело на дизајнерката Тања Кокев. 

Се работи за парфемот Actress. Моќен и опоен микс на мандарината и бергамот, ноти на Розев бибер, Циктус и Ружа со трње, Толу балсам, цимет... се само дел од состојките и мирисните ноти.

Недамна, и пејачката Елена Ристеска лансираше женски парфем. Се работи за „Era“ кој е дел од истоимената козметичка линија на Елена. Но, тука е и машкиот парфем со истото име.

ERA парфемот за жени е модерен мирис со егзотична цветна хармонија. Гламурозен и восхитувачки, кој носи еден нов концепт на женственост. Оригинален и мистериозен мирис за моќни жени со изразена индивидуалност.

Парфемот ЕРА за мажи е елегантен, софистициран и интензивен мирис за успешен, модерен и самоуверен маж. Ве изненадува уште во првиот момент со својата исклучително чиста и светла природа, но во исто време со моќен и хармоничен интензитет.

Н.Т.