И овој пат брендиран, но скап: Колку чини новиот џемпер на Заев?

Нашите политичари ни излегуваат од телевизор, фрижидер, орман, од под кревет... На сите страни само тие, и само тие имаат „што да кажат“... Попопуларни се од се‘ останато во Македонија.

Често знаат свесно или несвесно да си ја рекламираат и облеката, која сакале или не, прва ја забележуваме кај нив. Некои скромно некои скапо се облекуват и не е ништо лошо да знаеме колку пари им чинат парчињата кога веќе самите си ги “нудат“ да ги видиме.

Пушуваме за џемперот на Зоран Заев, претседател на СДСМ за новогодишните празници, и токму вие како читатели го окарактеризиравте како евтин (прочитајте за него на овој текст).

Вчера Заев, на На 14-тата седница на Централниот одбор на партијата се појави во сосема релаксирно издание што во никој случај не е лошо и може да си дозволи таков изглед понекогаш. Повторно одбра брендиран џемпер. Овој пат на реномираниот глобален бренд Пол енд Шарк. 

Посебно џемперите им се најпродавани и едни од најквалитетните, често изработени од волна и памук. На официјалната страна на брендот го има џемперот но цената не е прикажана, ама на популарните светски интернет страници кои се занимаваат со онлајн продажба на луксузна облека, го има и со цена. Па така, на Farfetch.com ова парче изнесува 158 евра или 9.700 денари. Џеперот е изработен од 80% волна и 20% полимид.