И тоа се случува: Со Тесла влетал во море, го спасила пловечката сауна (ВИДЕО)

И тоа се случува...

Неверојатен инцидент се случил на море во близина на главниот град на Норвешка, Осло. Возачот на Тесла го втурнал автомобилот во морето, по што заедно со сопатникот биле спасени од двајца мажи од блиската пловечка сауна.

Автомобилот слетал во морето кај Ослофјорд. За среќа, на Ослофјорд можете да изнајмите пловечки сауни, од кои некои се мобилни и моторизирани.

„Кога автомобилот заврши во вода, внатре имаше две лица“, изјавила полицијата во Осло за X Network.

Ги спаси пловечка сауна, односно двајца мажи кои во тој момент биле во сауна.

Спасувачката акција е снимена од блиското пристаниште. На видеото, направено од очевидци од брегот, се гледаат двајца патници во Тесла како бараат засолниште на покривот на автомобилот кој се превртел, а потоа потонал. За среќа, патниците преживеале, а по краток престој во ледената вода, успеале да се стоплат во пловечката сауна која ги спасила.


Фото: Притскрин
Извор: B92.net