Спорт // Спорт
Ибрахимовиќ и на 41 година ќе игра за Милан, потпиша нов договор
Како што јавува „Скај Спорт“ од Италија, Златан Ибрахимовиќ се договорил со Милан на соработка до јуни 2023 година.
Ибрахимовиќ во октомври ќе наполни 41 година, се сложил на нов договор со помала плата, која ќе изнесува 1,5 милиони евра фиксно, и бонуси во текот на сезоната.
Оваа плата на Ибра е симболична во однос на онаа што ја имаше минатата сезона а која изнесуваше над 7 милиони евра.