Спорт // Спорт
Ибрахимовиќ: Ова Скудето му го посветувам на Рајола
Милан ја освои 19-та титула, а прва по пауза од 11 години, еден од најзаслужните за успешната фудбалска кампања е Златан Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот од МЛС лигата се врати во Европа, и тоа во Италија кај Милан, шампионската титула му ја посвети на својот агент, неодамна починатиот, Мино Рајола.
„Оваа титула е за Мино Раиола, ова ми е прв трофеј што го освојувам без него. Тој е и најзаслужниот што дојдов во Милан и се вратив во Европа да играм фудбал. Мојата дилема беше меѓу Милан и Наполи со кого бев блиску до потпис, но Мино ме убеди за Милан со едноставна констатација, ти си единствениот што може да го врати онаму каде што припаѓа“ - изјави истакна Ибрахимовиќ.