Игор Џамбазов: Од шпанска серија, станавме стрип

Некако како сите да сме среќни за нив, кога се раѓа љубовта, а посебно што станува збор за миленикот на нацијата. На големо сите изнапишавме за шоуменот Игор Џамбазов и аплинистката Илина Арсова. 

Сакале тие или не, дури и овој приватен сегмент се под будното око на јавноста, која за волја на вистината ги сака. Илина за Женски магазин неодамна изјави „Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови, доведувајќи се себеси во високоризични ситуации со кои многукратно сум си го загрозила животот и здравјето.Толку не ме пишувало по весници дури и кога станав прва дама од нашата земја што стапна на врвот на светот пред 7 години. Се надевам разбирате дека се шегувам, планините се моја страст и пасија кои некако имаа приоритет во мојот живот. 

Игор пак од друга страна е сосема кул и постира заеднички фотографи на неговиот профил на Инстаграм. Нормално, под секоја фотографија има и хумористичен напис во негов стил. Најново е што еден негов пријател, односно извонредниот стрип цртач Ѓорѓи Атансовски ја наслика двојката во „стрипска„ техника каде Илина има знак на Бетмен, а Игор е Iron Igor, и двајцата со очила, заедно како супер херои.

Еве како изгледа одличната фотка:

А, има постирано и видео каде Илина е неверојано спремна да одговори на еден предизвик, па погледнете за што се работи: