Тренд // Стил
Илон Маск за 24 часа од лансирањето на својот парфем заработи 2 милиони долари
- 19 Октомври, 2022
Најбогатиот човек на светот Илон Маск го лансираше својот парфем - Burnt Hair.
Неговиот самопрогласен „најдобар парфем во светот“ се продава за 100 долари по шише и ќе биде испорачан во 2023 година. И покрај времето на чекање, тој вели дека веќе има продадено 20.000 шишиња - и тоа само во првите 24 часа од лансирањето на парфемот.
На Твитер, Маск се пошегува за новиот производ, пишувајќи:
„Ве молам купете го мојот парфем за да можам да го купам Твитер.“
The finest fragrance on Earth!https://t.co/ohjWxNX5ZC pic.twitter.com/0J1lmREOBS
— Elon Musk (@elonmusk) October 11, 2022
Се чини дека некои од неговите речиси 109 милиони следбеници слушале, а за да го прослави обемот на продажба, Маск ја смени својата биографија на Твитер во „ Продавач на парфеми“.