Им е непријатно да ја кажат цената: Ламборџини Vision GT
Ламборџини пред извесно време го претстави својот нов концепт на автомобил, кој изгледа дека не му припаѓа на нашиот свет…
Воведувањето на Vision GT концепт на позната марка, едноставно позната како Lambo V12, беше претставена за време на Светското финале на Гран Туризам на Шампионатот во Монако. Слично на претходните верзии на концептот Vision GT претставени од брендовите како Jaguar, Bugatti, Hyundai и Zagato, Lambo V12 има ултра-радикален дизајн со драматични стилизирани елементи.
Митја Боркерт, директор на Центарот за дизајн Ламборџини, објаснува: „Lambo V12 GT е дизајниран да биде најдобриот виртуелен автомобил што ќе го обожаваат младите гејмери и љбубителите на нашата марка. Тоа беше можност генијалните и талентирани дизајнери на нашиот тим целосно да ги искажат своите страсти и да создадат автомобил кој не само што е фасцинантен, туку и неверојатен за возење, притоа прикажувајќи ја заложбата на дизајнерскиот центар за развој на иновативни технологии, особено во лесни материјали и хибридизација ".