ИМА ДОБРА ПРИЧИНА ЗА ТОА: Никола Кејџ откри зошто не сака да го нарекуваат актер
„Затоа што глумата значи дека ја работиш работата со твоето срце или дека ја користиш својата имагинација, сеќавања, соништа и даваш дел од неа за да комуницираш со публиката“, објасни Кејџ.
Николас Кејџ е познат како претенциозен, но повеќе би сакал да го нарекуваат актерски изведувач, пишува CNN.
Оскаровецот, познат по улогите во филмовите како „Leaving Las Vegas“ и „Face / Off“ во интервју за списанието Variety, изјави дека не бил воодушевен кога го нарекле актер.
„За мене тоа секогаш значи - О, тој е одличен актер, затоа е голем лажго“, објасни Кејџ, додавајќи дека повеќе го сака терминот „актерски изведувач“.
„Бидејќи глумата значи дека ја работиш работата со твоето срце или дека ја користиш својата имагинација, сеќавања, соништа и даваш дел од неа за да комуницираш со публиката“, објасни Кејџ.
Од неодамна публиката може да го гледа во филмот „Pig“, а за режисерот на оваа реализација, Мајкл Сарноски, Кејџ вели дека тој е „Архангел Михаил“.
„Знаев дека по неколку филмски обиди бев маргинализиран во студијата и никој не сакаше да ме покани. И затоа знаев дека ако некој ме покани, тоа ќе биде некој млад режисер кој ќе се сеќава на моите претходни филмови и ќе знае дека сум во право за неговото сценарио. И затоа, тој не е само Михаил, туку Архангел Михаил“, изјави актерот.
Николас Кејџ (англиски: Nicolas Cage) (родено име Николас Ким Копола, роден на 7 јануари 1964) е американски актер. Има работено и како режисер и продуцент. Двапати е номиниран за Оскар за најдобра машка улога, а еднаш ја добил наградата. Има толкувано преку 60 филмски улоги, а најпознати му се тие од филмовите: