Има некоја тајна врска: Зборот на Бафет доволен да ги урне акциите на Епл?

Акциите на „Епл“ минатата недела паднаа за четири проценти.

Случајно или не, тој пад се совпадна со информациите откриени од Ворен Бафет.

Имено, неговата компанија Беркшир Хатавеј откри дека донекаде ја намалила изложеноста на акциите на „Епл“. Сепак, во портфолиото сè уште има дури 887 милиони акции на „Епл“, кои во моментов вредат 115 милијарди долари на пазарот.

Во исто време, неговата финансиска холдинг компанија Беркшир Хатавеј има двојно зголемен удел во „Веризон“ (купи акции во вредност од 8,6 милијарди долари), а исто така се обложува и на растот на акциите на „Шеврон“, бидејќи влезе со удел од 4,1 милијарди долари.

А, што продаваше Бафет во последно време? Особено акциите на фармацевтскиот концерн Pfizer и банките JP Morgan Chase и Wells Fargo, пренесува порталот SEEbiz.