Живот // Живот
Ковид- 19: Има само 130 слободни кревети во цела Македонија во болниците: Дали тоа е премалку?
Во дневниот извештај од Министерството за здравство се вели дека вкупната бројка на пациенти кои се позитивни или сомнителни на КОВИД-19, а лежат во болниците во земјава е1 290.
Околу 130 слободни кревети се на располагање во моментов.
476 се во хопитализирани во Скопје, а најголемиот дел од пациентите се хоспитализирани во болниците од внатрешноста – 814.
Најмногу пациенти во болниците надвор од Скопје во моментов има во Куманово – 118 и Охрид – 111. Во Прилеп се хоспитализирани 104.
Понатаму, во струмичката болница лежат 72, во Битола 70, во Велес 65, во Штип 56, во Гостивар 49, во Тетово 46, во Кавадарци 44, во Струга 32, во Кочани 20, во Кичево 18, а во Гевгелија 9.