Импресивно: 96-тиот роденден го прослави вежбајќи во теретана (ФОТО)
Никогаш не е доцна да уживате во хоби, како што неодамна докажа Канаѓанецот Бил Мејсон, кој го прослави својот 96-ти роденден во локална теретана, правејќи лифтови, сквотови, склекови и многу други вежби.
Мејсон од неодамна се занимава со кросфит, а неговиот син Патрик го воведе во овој спорт. 96-годишниот Канаѓенец преживеал мозочен удар пред две години, поради што има проблеми со движењето.
„Сфатив дека ова е одличен начин да се чувствувате поподвижни, но и да стекнете сила“, рече Мејсон.
Тренерот и сопственик на салата Мајк Ајвс е импресиониран од успехот на Мејсон:
"Со него постигнавме доста значителен напредок во последните пет недели. Сега тој помалку ја користи својот стап, го држеше често за време на тренингот, а сега сигурно стои на нозе и вежба. Неговата волја и желба нè мотивира сите нас".
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира: