Инспириран од Аватар: Новиот Мерцедес од кој ви лазаат морници
Ѕвездата на шоуто е секако нов концепт од Mercedes-Benz. Автомобилот го носи името Визија АVТР, а името и изгледот на возилото се инспирирани од филмот Аватар од режисерот Џејмс Камерон, кој самиот учествуваше во дизајнирањето на ова возило.
Mercedes-Benz Vision AVTR нема управувач, туку треба да се контролира само со гестови, преку „контролна единица“ која се наоѓа во средина на кабината.
Ниту во возењето, Визија АVТР не е обичен. Неговите иновативни
тркала му овозможуваат да се движи бочно, до агол од 30 °, што во голема
мерка ќе го олесни маневрирањето во тесни места и при паркирање. Возилото е
изработено од еколошки материјали, акумулаторот е дизајниран како комбинација
на графен и органски соединенија и без ретки метали, а погонот е целосно
електричен.