Институција стои зад профилите: Меган Маркл кажа дека сето тоа е машинерија
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл употреби, наблаго кажано, неочекуван збор кога зборуваше за британското кралско семејство.
Поради пандемијата на коронавирус, сопругата на принцот Хари, Меган Маркл преку видео повик учествуваше на состанокот за најмоќните жени на новата генерација, а во таа прилика сите ги изненади со начинот на кој зборуваше за британското кралско семејство.
Имено, таа додека зборуваше за тоа како повеќе не користи Инстаграм објасни дека профилот Sussex Royal на оваа социјална мрежа не го водела лично. Овој профил е направен откако војводата и војвотката од Сасекс одлучија да се откажат од позицијата членови на кралското семејство, а истиот собра дури 10 милиони следбеници. Меѓутоа, по неколку месеци, кралицата Елизабета II на Хари и Меган им забранила да го користат Royal Sussex како бренд, поради што профилот е деактивиран.
„Имавме профил на Инстаграм преку Институцијата и нашите канцеларии во Британија. Но, не управувавме ние со него, туку цел тим“ - кажа Меган.
Многумина во уши им остана зборот „институција“, која Меган ја употреби додека зборуваше за кралското семејство.