Интервју со Олег Бојаџиев, маркетер во Lyconet: Како маркетер можам да заработувам додека им помагам на моите пријатели да добијат повеќе за своите потрошени пари

Во состојба кога многу од младите луѓе се одлучуваат својот професионален развој да го градат надвор од државата, има и такви кои решаваат тоа да го реализираат тука, во сопствената држава. Еден од нив е Олег Бојаџиев. Тој е млад претприемач кој ни доаѓа од Радовиш и кој амбициите за развивање на своите маркетинг и бизнис вештини ги остварува преку работа во секторот малопродажба, а во исто време, и преку ангажман како маркетер во Lyconet (Лајконет) уште од 2016 година.

Имено, Lyconetе компанија која на своите независни партнери односнона маркетерите им нуди безброј поволности како што се целосна слобода за избор со кого, каде и кога ќе работат, работното време го креираат сами врз основа на сопствениот животен стил, а во исто време, компанијата нуди можност за градење на меѓународна кариера преку изградба на сопствена шопинг мрежа. Дополнително, компанијата на своите маркетери им нуди можност за напредок во кариерата и остварување на одлични месечни заработки врз основа на вложениот труд и ангажман. А она што е особено интересно, е дека заработките се исти во целата Lyconet (Лајконет) мрежа низ целиот свет, поточно маркетерите од Македонија ја имаат истата заработка како и своите колеги во Австрија, Велика Британија, Германија итн.

Сите овие, а и многу други можности, беа причина зошто Олег одлучи да се приклучи на Lyconet. Најпрвин, како задоволен член на myWorld(мајВорлд) и сите CashbackWorld услугикои ги нуди оваа компанија, а потоа се одлучува да стане и маркeтер во Lyconet, Олег е еден од 300.000 маркетери низ целиот свет кои успешно ја градат својата кариера во рамките на Lyconet мрежата.


Со Олег разговаравме нешто повеќе за придобивките кои ги нуди Lyconet, за неговиот професионален развојкако маркетер, но и за тајните на успехот кои ги крие мрежниот маркетинг.

1.  Колку време сте Lyconet маркетер, како започна вашата кариера како Lyconet маркетер?

-  Информацијата за можноста да работам како маркетер ја добив уште во 2014 година, но како независен партнер на компанијата (Lyconet marketer) започнав дури во декември 2016. Ова временско растојание од две години е поради тоа што пред да започнам да се занимавам со овој бизнис, односно пред да дозволам да ми ја објаснат идејата, бев голем скептик во однос на овој бизнис модел или да бидам искрен, бев уверен дека ова е пирамида и дека набргу ќе пукне како балон. Не се ни трудев да го разберам концептот на работа затоа што за мене звучеше премногу добро да биде вистина тоа дека можам да заработувам додека им помагам на моите пријатели да добијат повеќе за своите потрошени пари т.е. да заработувам додека целиот свет го прави она што и онака го прави, а тоа е секојдневното трошење на пари.

2.  Што Ви се допаѓа најмногу во работата како маркетер?

-  Го обожувам целиот концепт на работа како маркетер, или поконкретно, ми се допаѓа можноста која ми се нуди да изградам интернационална мрежа на потрошувачи без дополнително да продавам некаков одреден продукт. Исто така, она што ме исполнува кај оваа работа е што можам да работам со кого сакам, каде јас сакам и најважно од сè, кога јас ќе одлучам да работам, без никакви ограничувања. Како една од клучните работикои најмногу ми се допаѓаат во работата како маркетер во Lyconet е тоа што во овој бизнис можеш сè, а не мораш ништо. За споредба, додека бев фотограф беше обратно – морав сè, а не можев ништо. Збирно земено, работата како маркетер нуди безброј можности, кои преку посветена работа, многу од нив сам ги откриваш, ги усовршуваш и ги прилагодуваш на својот карактер, а на тој начин, се развиваш и напредуваш, како на професионален, така и на личен план.

3.  Кои предности би ги издвоиле кај Lyconet како бизнис модел?

-  Lyconet ми го нуди она што не можам да го прочитам во ниту една бизнис книга или прирачник. Можноста да учам од најдобрите во светот е токму она што би го издвоил како предност кај Lyconet како бизнис модел. Благодарение на Lyconet сега мои лични ментори се Eric Worre и Tony Robbins, кои во комбинација се една огромна животна лекција! И не само тоа, можноста да се дружам со поуспешни од мене, кои имаат личен интерес да бидам поуспешен од нив, е бесценет подарок што е невозможно да се најде или купи со пари.

4.  На кое кариерно ниво се наоѓате во моментов и дали имате изграден тим на свои маркетери, објаснете подетално?

-  Градењето на мрежа е многу едноставно со Lyconet, бидејќи ние ја пренесуваме информацијата како на потрошувачите, така и на фирмите, и со секој реализиран промет кај нашите трговски партнери ние заработуваме провизија или народно кажано „благодарам“ од компаниите за пренасочениот промет. Во моментот сум Кариера 6, но тоа не е и толку важно, за мене лично најважно е што во мојот тим веќе имаме повеќе од 100 луѓе во кариера или поточно 20 од нив се од Карера 3 па нагоре и моментално нашиот тим е присутен во повеќе од 10 држави, од кои најактивни сме во Македонија и Бугарија, а нашата цел како тим е да бидеме број 1 на светско ниво!

5.  Што би им порачале на идните Lyconet маркетери? На кои работи е потребно да обрнат внимание со цел да бележат успех во работата?

-  Ова е интересно прашање. Од моето досегашно искуство, на сите оние кои би сакале да станат маркетери, би им препорачал да внимаваат кого слушаат и од кого бараат совети, бидејќи живееме во време на „експерти“ и најчесто се советуваме со луѓе кои се некомпетентни за водење на бизнис. Меѓутоа, резултатот секогаш ја кажува ВИСТИНАТА. Токму затоа, советувајте се со луѓе кои имаат резултати, а не ЗБОРОВИ. Дополнително, на сите идни маркетери би им порачал дека за успех во Lyconet особено е важно да се биде континуиран и присутен на сите настани кои се организираат од нивниот тим и од компанијата, а како и во секој друг аспект во животот така и во Lyconet е потребна истрајност, верба и најважно од сè, преземање на АКЦИЈА!