Иран, Русија и Турција планираат заеднички да произведуваат автомобили
„Постои голема можност за трипартитна соработка меѓу производителите на автомобили од трите земји. Тие можат да заземат голем дел од пазарот“, изјави шефот на Иранската асоцијација на производители на автоделови, Мохамадреза Наџафи-Манеш, пренесуваат иранските државни медиуми.
Според него, предлогот прв го претставила Турција, а Русија е „заинтересирана“.
Многу западни производители на автомобили почнаа да произведуваат автомобили во Русија во последните две децении, но од почетокот на руската инвазија на Украина, повеќето се повлекоа. Западните земји воведоа санкции кон Русија, кои ја попречуваат автомобилската индустрија во земјата.
Во 2018 година, САД се повлекоа од договорот за иранската нуклеарна програма и повторно воведоа строги санкции кон Иран.
Извор: Блиц.рс