Ирина Шајк со потресна исповед: Ми држеше пиштол на главата, имав само 6 години

Ирина Шајк (35) не сака да споделува детали од нејзиниот приватен живот, но сега направи исклучок.

Манекенката го призна непријатното искуство што и се случило кога била мала и откри какви последици имало врз неа.

- Кога имав шест години, бевме ограбени. Ја отворив вратата и налетав на три маскирани лица, од кои едниот ми држеше пиштол до главата. Излезе дека ги испратил најдобриот пријател на татко ми. Можеби затоа немам многу пријатели, тешко ми е да им верувам на луѓето. Не сум зборувала претходно на оваа тема - признава Ирина.

Таа додаде дека за неа е многу важно нејзината ќерка Леа, која ја доби со актерот Бредли Купер, да биде свесна од каде им се парите и да го почитува тоа.

- Сакам ќерка ми да знае дека нејзината мајка има работа во нејзиниот живот, затоа што сакам да израснам силна жена. Подароците и храната не доаѓаат од никаде - истакна таа во таа пригода за „Вог“.


Фото: Shutterstock