Исчезнале 74 донирани книги на македонски јазик од библиотеката во Диселдорф: Раскажува Роберта која 17 години живее таму

Со заеднчка акција на Роберта Димитриевска Тиков и ФБ групата „Размена на книги и книжевни муабети“ биле собрани 104 книги и донирани во градската библиотека во Диселдорф. По кратко време на полиците имало само  30 книги, а останатите 74 исчезнале без трага.

-Секогаш која ќе дојдеше мајка ми Велика да престојува кај нас на гости во изминативе осум години, одевме во градската библиотека во Диселдорф, да изнајмиме книги . Бидејќи немаше книги на македонски јазик, читавме на српски и хрватски. Дојдов до идеја да донирам книги на македонски јазик во библиотеката во Диселдорф -Германија. Во Март 2018 година стапив во контакт со претпоставените и добив зелено светло. На радоста и немаше крај. Ја објавив оваа одлична вест во фб групата „Размена на книги и книжевни муабети“. Одвоив одредена сума, која решив да ја искористам како донација, си направив список на книги, стапив во контакт со моја драга пријателка од Македонија Ленче Петрушева Кржаловска и почнав во остварувањето на мојата идеја – вели Роберта која 17 години живее во Дизелдорф, Германија.

Дел од книгите ги купила од саемот на книги, еден дел на старо, а еден дел добила како донација од членови на фб групата.

-Се купија и собраа 104 книги . Во септември 2018 година ќерка ми Сара беше во Скопје и помогна околу нивната испорака до Диселдорф. За жал само 30 книги беа одобрени и си го најдоа местото на полиците во градската библиотека во Дизелдорф, а другите исчезнаа без трага – вели Роберта и дополнува дека и покрај големите напори и бескрајни разговори со претпоставените, не успеала да ги пронајде.

Целиот текст на ЖЕНСКИ МАГАЗИН