Исхрана на 35 степени – што му треба на вашето тело
Високите температури и топлото време се уште и во текот на август ни наметнуваат потреба од специфична исхрана и освежителни оброци. Високите температури полесно се поднесуваат со лесни, а хранливи оброци, богати со витамини, минерали и протеини. Токму затоа и со такви оброци се карактеризира и медитеранската кујна каде една од главните состојки е грчкиот јогурт.
Овој млечен производ е многу популарен во медитеранската кујна којашто меѓу другото важи за една од најздравите во светот.
За да го донесете вкусот на Медитеранот на вашата трапеза потребна е само една состојка - грчки тип на јогурт Грекос. Класичниот бел грчки тип на јогурт Грекос има кремаст и богат вкус, совршен e за комбинирање во разни оброци.
Ви предлагаме два рецепти, солен и благ, вкусни и освежителни.
Солена летна салата со грчки тип на јогурт Грекос
СОСТОЈКИ:
• 1,4кг мали компири (варете ги компирите околу 25-30 минути);
• 400г грчки тип на јогурт Грекос;
• 2 рендани чешниња лук;
• 60мл маслиново масло;
• 4 лажици вински оцет;
• 2 лажички оригано;
• сол и бибер;
• 3 свежи главици кромид, исечкани во кругови;
• 1 зелена, исечкана пиперка;
• 4 лажици копар.
Ставајте ги состојките според дозата и на крајот само промешајте и уживајте во вкусот.
Овошна летна салата со грчки тип на јогурт Грекос
СОСТОЈКИ:
·400г грчки тип на јогурт Грекос;
·1 чаша мандарини;
·1 чаша јагоди;
·1 чаша праски;
·1 чаша киви;
·½ чаша боровинки;
·1 банана;
·1 лажица мед.
Започнете со ставање на овошјето во длабока чинија за салата. Исечете го овошјето на мали парчиња а потоа додајте го грчкиот тип на јогурт Грекос. Измешајте ја овошната салата и за крај додадете една лажица мед за да добиете сладок вкус.
Уживајте во салатите и во освежителниот вкус!