Исклучиво при умерена консумација: Пивото може да направи чуда за нашето тело
Пивото има позитивни ефекти врз нашето тело, ако веруваме во најновата студија спроведена од експерти како дел од експеримент во кој беа вклучени 80.000 возрасни ...
Возрасните кои пиеле чаша или две пиво дневно пријавиле помал ризик од срцев удар и кардиоваскуларни болести. Во споредбата направена помеѓу луѓето кои пијат пиво и оние кои не го консумираат, заклучено е дека луѓето кои го сакаат овој пијалок имаат помал ризик од срцев удар.
Дополнително истражување спроведено на 27.000 средовечни мажи откри дека умереното пиење пиво ги намалува ризиците од камен во бубрег. Едно пиво на ден ги намалува овие ризици за 40%.
Пивото има елементи кои позитивно влијаат на нашите коски, правејќи ги поцврсти. Истражувачите од Харвард проучувале мажи, дури 38.000 од нив, кои пиеле по едно или две пива на ден, заклучиле дека ваквите третмани го намалуваат ризикот од развој на дијабетес тип 2 за 25%.
Некои теории, иако не се целосно докажани, велат дека пивото ги намалува ризиците од развој на Алцхајмерова болест, исто така. Конечно, последната забележана предност на умереното пиење пиво е во третманот на несоница, бидејќи овој производ го стимулира производството на допамин, што дополнително доведува до крајна релаксација. Сепак, важно е да се запамети дека станува збор исклучиво за умерена потрошувачка на пиво, што секако е добра причина да се испие едно или две од време на време.