Историја за Македонија на Вимблдон: Калин Ивановски во четвртфинале на најпрестижниот турнир

Калин Ивановски обезбеди четвртфиналето на најпрестижниот тениски јуниорски турнир на Вимблдон.

Нашиот Ивановски во осминафиналето со 2-1, по сетови 6-4, 5-7 и 6-0 запиша победа против осмиот носител, Едас Бутвилас од Литванија.

Ивановски потклекна во вториот сет, но брзо се врати во третиот кој го реши со 6-0.

Во четвртфиналето Ивановски ќе игра против подобриот од мечот меѓу Артнак од Словенија и Шпанецот, Роденас.