Итно се огласи Северина: Денешниот ден за неа е посебен
Северина Којиќ (48) решила велигденските празници да ги помине во родниот град Сплит, а иако не споделува информации со кого е во друштво, сепак многумина ги изненади со велигденската честитка што ја објави на Инстаграм.
Во објавата таа напиша:
-Јас стојам на мојата тераса, на улицата Иван Павле Втори. Тој беше мојот омилен папа. Крстот беше поставен на местото каде што за прв пат го одржа својот говор во Сплит ... Крстот е малку трошен на врвот, не го гледате веднаш затоа што веќе е вклопен во средина, крошните одоздола се обидуваат да го покријат, но му пркоси на времето ...како мој потсетник дека сите зла и проблеми се минливи. Нека Велигден претвори сè што е разнишано во радост на животот и позитивни вибрации. Ви посакувам среќен Велигден на вас и на вашите најблиски, напиша Северина.
Во коментарите, веднаш и се јавија бројни обожаватели кои и посакаа среќен Велигден на неа и на нејзиното семејство.
Инаку, пејачката се повлече од јавниот живот во изминатите месеци и само повремено објавува што прави на социјалните мрежи. Таа не ги коментира шпекулациите за нејзиниот приватен живот, а повеќе не објавува фотографии од нејзиниот син Александар.
Фото: инстаграм