Изгубениот часовник на Шон Конери од филмот Џејмс Бонд: Цело богатство
Часовник на Џејмс Бонд, што го носеше актерот Шон Конери во филмот „Гром“, беше продаден на аукцијата „Кристи“ во Лондон уште во 2013 година.
Се вика „Брајтлинг“ и се продаде за неверојатни 160.000 долари, а тој беше специјално направен за потребите на филмот, па содржеше и бројач „Гајгер“, со цел полесно да се детектираат радиоактивните бомби на НАТО во филмот.
Но овој часовник има приказна и ќе биде запишан како единствениот со уникатен механизам. Не само тоа, беше долго време изгубен.
Јасно е видлив на раката на Бонд во неколку сцени, како и во познатата сцена кога агентот нурка со него за да открие дали во близина има подморници со бомби.
За време на снимањето токму на таа сцена, часовникот на актерот му се лизнал од раката и тој беше изгубен долго време, за да го пронајдат после неколку годни и тоа под вода..
Ова не е прв пат часовник на Бонд да се продава за големи пари. Имено, пред неколку години, на слична аукција, часовникот Ролекс, кој Роџер Мур го носеше во едно од продолженијата на Џејмс Бонд од 1973 година, беше продаден за 231.800 долари.