Излезе списокот на автомобили кои најмногу и најмалку се расипуваат. Погледнете на кое место е вашето возило
Германскиот авто-клуб (ADAC) ја објави статистиката за интервенции извршени за изминатата година на автомобили стари од три до десет години. Како што наведоа, најмногу интервенции се поврзани со дефект на акомулаторот, 46,2 отсто од вкупно 3,49 милиони дефекти.
ADAC вклучи 132 модели на возила кои првпат беа регистрирани помеѓу 2012 и 2019 година во својата статистика за дефекти во текот на 2021 година. Покрај акумулаторот, се бара помош на пат поради дефект на моторот или управувањето со моторот (15,5%), проблеми со каросеријата, управувањето, сопирачките, суспензијата или менувачот (14,8%), електрониката (10,3%), гуми (7%) и системот за пумпа за гориво (3,1%), според
Имено, некои дефекти на возилата се чести и се појавуваат по одреден период. Проблемите со пумпата за гориво, на пример, статистички се појавуваат дури откако возилото ќе наполни 10 години, а потоа стануваат се почести.
Проблемите со алтернаторот континуирано се зголемуваат од четврта година. Потешки неисправности со свеќичките се забележани кај автомобилите кои се произведени во 2013/2014 година.
На возраст од три до десет години, најсигурни беа Toyota Aygo, Audi A1, Renault Captur, Mini, Suzuki Vitara (од 2019 до 2016 година), Audi Q3, BMW Серија 1, BMW X1, Audi A4, Audi A5, Audi Q5, BMW 3 серија, BMW 3 купе, BMW X3, Audi A6 и BMW серии 5. Dacia Sandero доби многу добри оценки во сите години, Volkswagen Polo е исто така многу добар, а само 2012 година е оценета под многу добра.
Dacia Duster е главно оценет како добар, а моделот од 2013 година е оценет како одличен. Mercedes-Benz B-Class е многу добар во сите години. Mitsubishi ASX е исто така одличен и многу добар. Seat Leon е многу добар во сите години. Volkswagen Golf е многу добар, освен 2012 кога е - добар. Kia Ceed се движи од слаб рејтинг (2012 година на моделот) до многу добар (2019 година на моделот). Mazda Cx-5 е многу добра, освен 2013 кога е добра.
Škoda Octavia е многу добра, освен 2013 и 2012 година кога беше оценета пониско, т.е добра. Модели кои немаат спектакуларни резултати се Smart Forfour, Hyundai i20, Renault Clio, Toyota CH-R, Toyota Corolla, Ford S-Max, Opel Insignia и Volkswagen Sharan.
Така, на пример, Toyota Aygo регистрирана за прв пат во 2019 година има 2,2 дефекти на 1000 регистрирани возила, додека Smart Fortwo има 7,5. Toyota Aygo од 2012 година има 9,3 дефекти, а Smart Fortwo од истата година има 21.
Во категоријата мали автомобили, Suzuki Swift од 2019 година, на пример, има 1,4 дефекти на 1.000 регистрирани возила, а моделот од 2012 година има 14,8. Hyundai i20 од 2019 има 2,4, а од 2012 31,4. Audi A4, кој припаѓа на средната класа, има 1,9 дефекти на 1000 регистрирани возила во 2019 година, а 9,1 од нив во 2012 година. Opel Insignia од 2019 година има 12,3 дефекти, а од 2012 година 26,4. BMW Серија 5 од 2019 година има 1,4 дефекти, а моделот од 2012 година има 16,5 од нив. Мерцедес Е класата за 2019 година има 2,4, додека моделот од 2012 година има 23,7. Погледнете ТУКА за подетални податоци за оценетите серии на автомобили.