Изнајмила Ламборџини и исчезнала. Последен пат автомобилот е виден во Словенија

Жена пред десетина дена изнајмила луксузен автомобил Ламборџини во Спрејтенбах на два дена. Таа ја покажала возачката дозвола и сите документи, а на сопственикот ништо не му било сомнително. 

Таа цел ден возела низ Швајцарија, а потоа ја преминала границата, а сопственикот на rent - a – car куќата вели дека сигналот од ГПС-от исчезнал во Австрија. 

Неодамна во Словенија е виден автомобил сличен на овој. Сопственикот понудил и награда од 25 илјади евра за каква било информација за украденото Lamborghini, пишува Badener Tagblatt. 


Фото: Youtube -  screenshoot - Woyshnis Media