ИЗОЛАЦИЈА: Каков АПРИЛ за вашиот ХОРОСКОПСКИ знак?

ОВЕН

Овој месец е вистинско време за преиспитување и истражување на вашите цели. Размислете дали можеби преголем дел од вашата енергија се канализира во приватниот живот и попречува други сегменти од вашето живеење. Токму во време на изолација ќе имате време да размислите детално. Едно нешто ве мачи подолго време, а одговор ќе добиете за брзо. Не се плашете, одговорот ќе биде убав.

БИК

Претходниот месец имаше бројни подеми и падови со кои требаше да се справите. Овој месец, иако во изолација, вашиот знак ќе ве натера да се преориентирате кон трајните вредности, кои ќе резултираат со идеализам. Ќе сакате да искусите задоволство и ќе го прифатите тоа задоволство, без разлика од каде доаѓа. Кога станува збор за љубовта пак, имате тенденција да бидете отворени и либерални.

БЛИЗНАЦИ

Мора да научите како да живеете во изолација. Семејните врски полека стануваат посилни и вам тоа ви се допаѓа. Но, не смеете да ги запоставите важните работни контакти и комуникацијата со соработниците, започнатите или престојните проекти, планови или активности. Не смее да постои каква било невнимателност, доколку сакате да ги достигнете целите што ги имате зацртано. Овој период ќе заврши, ќе дојде друг и морате да бидете спремни.

РАК

Токму во период на изолација ќе станете свесни за сопствените ограничувања. Тоа ќе ви создаде чувство на заробеност. Можно е да дојде до појава на одредено ривалство, негативни чувства кои можат да предизвикаат многу пострашни реакции. Ова не е преиод во кој можете да си дозволите да претерувате, ниту пак да избувнувате. Не барајте проблеми каде што не постојат.

ЛАВ

Можеби е крајно време во период на изолација и кога веќе сте дома, да направите деталенпреглед на својата личност и да направите реална проценка на лицето, телото, здравјето, имотот и сите други нешта што ве сочинуваат. Мора да ги најдете сите сегменти од живеењето каде што има простор за подобрување и да ги направите неопходните корекции. Мора да воспоставите добри односи. Ова воопшто не е време за предизвикување на системот. Мора да внимавате да не направите грешка поради стресот и невниманието.

ДЕВИЦА

Април ќе биде период кога вистински ќе мора да застанете зад своите зборови и да ги поткрепите сите верувања и убедувања. Ќе имате многу работа ако се стремите кон правење повеќе пари. Иако во изолација, вие се плашите за вашите пари и тоа е сосема оправдано. Финансиските прашања стануваат сѐ поважни или во најмала рака вие се фокусирате на нив, бидијќи ве притискаат од повеќе страни. Се обидувате да се справите со прашањата поврзани со имотот, сопственоста, заостанатите долгови...

ВАГА

Претстојниот априлски период е многу разигран за личностите родени во овој знак, особено кога ќе се инспирираат на креативен и емоционален план. По периодот на себезаштитување и домашна изолација, полека станувате спонтани и имате желба за правење нешто ново. Доаѓа една богата и плодна фаза во вашиот живот што секако ќе ве направи посреќни, а вие ќе уживате во секој момент. Но, не летајте премногу високо или премногу далеку – избрзувањето, непресметаниот ризик, претераната самодоверба, можат само да предизвикаат проблеми. 

ШКОРПИЈА

Вашиот дом во време на изолација треба да помине низ процес на реновирање. Вие сте личност што сакате услови за живеење и работа кои ги задоволуваат вашите строги критериуми во секој поглед: физички, технички и во поглед на атмосферата. Ќе го издржите периодот на непријатности и изолација за да го добиете она што го посакувате. Во овој период мора да направите сѐ што е во ваша моќ да ја зголемите довербата во семејството и да поставите темели за негово понатамошно проширување.

СТРЕЛЕЦ

Април ќе биде месец на преродба. Повторно ќе мора да се фокусирате на финансиските прашања иако можно е сѐ уште да ве мачат одредени здравствени проблеми. Не се плашете, вашиот хороскопски знак е отпорен. Нештата што ви висат над глава најпосле ќе се придвижат кон крајот, што е добро, бидејќи време е да се ослободите од психолошкото „ѓубре“ што ви тежи и лошите навики кои можеби ви го нарушуваат здравјето без воопшто да сте свесни за тоа.

ЈАРЕЦ

Во април ќе се фокусирате на луѓето и на врските, од лични, преку платонски, па сѐ до професионални. Ќе сфатите дека треба да ги подобрите вештините на комуникација со другите луѓе ако сакате да успеете. Изолацијата ви создава нервоза но за брзо време ќе го пронадете мирот од една вест која ќе ве израдува. Ќе треба да бидете остроумни и внимателни за да го препознаете потенцијалот или заканите за вашата благосостојба, односно напредок. 

ВОДОЛИЈА

Поради изолацијата, се соочувате со зголемен ментален стрес или пак финансиски потешкотии, кои се однесуваат на заостанати долгови, плати, придонеси и сл. Желбата за помош на луѓето околку вас дебело ќе ви се исплати. Не очекувајте само благодарност, туку направете го тоа што треба да се направи. Оваа фаза претставува одлична можност да се ослободите од нештата што не функционираат во вашиот живот, но и да откриете што функционира.

РИБИ

Вашата визија, иако во изолација, има практична примена во овој момент, а вие сакате да видите резултати веднаш. Почекајте, не е време а брзи одлуки. Во текот на престојниот период можено е зачестенинастинки. Направете го она што вие сметате дека е правилно, но имајте на ум дека во текот на април вие сте најизложени и најранливи.