Израел ќе беше срамнет со земја да не беше железната купола: Специјално од Тел Авив, македонката Викторија Саркисјан
И на двете страни населението секојдневно се соочува со невиден страв од воздушните напади. Главниот град на Израел, Тел Авив не е исклучен од нападите, како и Газа.
Имено, нетолеранцијата е често висока меѓу Израел и Палестинците кои живеат во источен Ерусалим, Газа и Западниот брег. Со Газа управува палестинската екстремистичка организација Хамас, која со години се бори против Израел. Израел и Египет строго ги контролираат границите на Газа со цел да ја запрат испораката на оружје до Хамас.
Ситуацијата се влоши од почетокот на светиот муслимански месец Рамазан, во средината на април, со бројни ноќни судири меѓу полицијата и Палестинците. А потоа започна и рактен воздушен напад на обете страни. Бројот на мртви и повредени во Газа и Израел расте во последниот бран на конфликтот меѓу Хамас и Израел.
Во оваа земја имамаме неколку македонци кои живеат и работат таму. Една од нив е и нашата соговорничка, Викторија Саркисјан која сведочи за Машки магазин за бомбардирањата. Во моментот кога го правевме видео разговорот преку апликацијата Viber се слушаа големи детонации, а и сирените засвиреа, па мораше да го продолжиме разговорот откако Саркисјан се врати од засолниште.
ММ. Каква е моменталната ситуација во Тел Авив? Градот сепак работи и покрај ракетите...
- Во Тел Авив сѐ се одвива нормално и покрај ракетирањата. Ракетирање има најчесто навечер, во текот на ноќта. Преку ден се поретки. За разлика од Тел Авив, Ашкелон и Ашдод и во нивната околина, бидејќи се најблиску до Газа, веќе цела недела 24 часа ги ракетираат.
ММ. Што се случува кога се најавува ракетен напад? Се вклучуваат ли сирените, одите во засолниште, колку време сте скриени...
- Кога има ракетен напад, почуваат да свират сирените. Тогаш имаме минута до минута и пол да се засолниме. Најважно е да не се прави паника и да се почитуваат инструкциите. Поновите згради имаат заштитна соба во самите станови, додека останатите имаат во зградите долу. Што значи за една минута треба да се симнеме долу во засолниште, или може да се остане во скалишниот простор. Додека траат сирените седиме во засолниште. Но, најчесто остануваме таму и откако ќе престанат, затоа што може да има најава за нов напад, обично еден по друг.
ММ. Дали владее општ хаос и паника кога се уклучуваат сирените? Како вие лично реагирате или се нема време за размидлување?
- Паника меѓу Изаелците нема. Бидејќи ваквите напади не се прв пат. Нема хаос. Сите ги почитуваат инстукциите. За мене звукот на сирената не е баш пријатен и сите тие детонации кои се слушаат за време на нападот, не се пријатни воопшто. Треба да се издржи.
ММ. На кое место сте Вие, дали таму се слушаат детонации, на колку време од прилика има бомбардирања?
- Јас сум во Бат Јам, предградие на Тел Авив. Нема постојано ракетирања, но секогаш може нешто да изненади. Па така, деновиве сме подготвени во секој момент. Не можеш да знаеш кога ќе почант ракетните напади. Вчера на пример имаше во 13 часот, па потоа во 13.30, па во 14.30. Пред два дена имаше во во 01.00 по полноќ, па во 3.00 наутро...
ММ. Поради железната купола, најдобриот воздушен ракетен штит Израелците се заштитени, но сепак паѓаат шрапнели и остатоци од пресретнатите ракети. Како реагираат Израелците имајќи ја во предвид железната купола?
- Искрено, секој ден ја благословуваме железната купола. Да не е таа, до сега Израел ќе беше срамнет со земја. Обилно исфрлаат по 120- 130 ракети во исто време низ целата територија на Израел, а железната купола успешно се справува, па штетата е помала.
ММ. Израел пред извесно време заврши со имунизација на населението.Какви мерки сега има? Се носат ли маски, се прави ли дистанца, попуштија ли мерките?
- Израел од месец декември отпочна со масовна имунизација на населението. Досега се вакцинирани 60-70% од населението над 16 години. Пред два месеци конечно се отворија трговските центри, бутици, кафитерии, ресторани, хотели, кои цела година беа затворени. Почнавме нормално да функционираме, иако маските до пред еден месец се носеа постојано. Сега веќе маски носиме само во затворен простор, автобус, продавница, додека на отворено не носиме маски. Цела година имаше строги мерки и рестрикции. Имавме забрана за движење во радиус од 1 км, иако на почетокот на пандемијата беше само 100 метри, па потоа 500 метри. Беше забрането собирање и групирање на повеќе од двајца луѓе. За празниците беше строго забрането движење и собирање. Беше навистина тешка година. Заврши пандемијата, но почна војната. Овде често на шега се вели, цел свет се бори со пандемијата, а Израел се врати во нормала. Се надеваме дека брзо ќе заврши и војната и ќе има мир од двете страни, бидејќи ниту едните, ниту другите не сакаат војна.
Фото: Youtube- принтскрин
Небојша Толески