Израелците прават „летечки автомобил“: Работи на водород и помага во неволја (ВИДЕО)

Кити Хок се откажа од својот концепт за „летачки автомобил“, ama се појави израелскиот стартап Урбан аеронаутика, најавувајќи го почетокот на работата на едно такво возило. Оваа компанија, се разбира, веќе подолго време го развива истиот проект, но сега се фокусира на верзијата со водород.

„Летечкиот автомобил“, наречен CityHawk H2, во соработка со HyPoint, произведува ќелии на водородно гориво со ладење воздух.

Затоа, CityHawk H2 треба да биде електричен „летечки автомобил“, но со подолг опсег со единечно полнење за ќелии отколку што би можело да биде кај класичните литиум-јонски батерии.

Највисока брзина 270 км на час

Гледано од страна или однапред, CityHawk H2 потсетува на познатата ДМЦ ДеЛореан од филмската серија „Враќање во иднината“. Кабината може да смести шест лица, а нејзината големина не ги надминува димензиите на просечен теренец.

Сепак, погледот одозгора открива специјален авион со два големи, двокреветни пропелери кои ја креваат структурата во воздухот, така што CityHawk H2 добива можност да лета, како дрон со мулти-ротор.


Израелците изјавуваат дека максималната брзина на летот треба да биде 270 км на час, а со максимум 760 килограми товар, неговиот опсег, со едно полнење со водород, би бил 150 км, пренесува Bug.hr.

Главната цел на овој авион би било луксузно приватно (брзо) патување, како што е превоз со „летачко такси“, но и дополнување на Ургентните служби за транспорт на пациенти или медицински персонал до местото на несреќата.