ЈАКНАТА МУ ОСТАНАЛА ВО КЛУБОТ: Детали од вечерта кога Хрватот Матеј исчезна во Белград, се бара на секој сантиметар
Два дена по ред го бараме Матеја, уморни сме, но нема да се откажеме“, велат во изјава за „Блиц“ пријателите на Метеја Периш (27), младиот сплитчанец од кој се губат сите траги ноќта меѓу четврток и петок во 2:30 часот.
„Блиц“ успеал да стигне и до менаџерот на клубот „Готик“ каде последен пат било видено младото момче, кој нагласил дека таа вечер немало никаков инцидент.
„Бевме во клубот, ништо сомнително не се случи“, потврдува за „Блиц“ пријателот на Матеј, кој побарал анонимност.
На влезот имаше некои млади кои ни изгледаа сомнителни, подоцна дознавме дека се некои навивачи. Но, ништо не ни дофрлија, никој не не допре“, посочува тој.
Тој за „Блиц“ потврди дека неговите пријатели вечерта го пребарале секој агол од клубот во кој биле, но дека никаде не нашле ништо сомнително.
„Блиц“ успеа да стапи во контакт со човек кој ни се претстави како менаџер на клубот „Готик“, а кој не сакаше да ни го каже своето име и презиме.
Според него, полицијата вчера била во клубот и преземала снимки од безбедносните камери.
Во клубот во ниту еден момент немаше инцидент, беше сосема нормална вечер“, истакна тој за „Блиц“.
Екипата на Блиц утрово затекнала полицајци пред клубот „Готик“, кои извршиле увид на делот меѓу клубот и самата река. Како што виделе на лице место, вршеле увид на тој дел, гледајќи во правец на реката.
Да потсетиме, ноќта меѓу четвртокот и петокот, односно на 31 декември околу 2.30 часот му се губи секоја трага на младиот сплиќанец Матеј Периш (27). Со пријателите дошол во Белград на новогодишната ноќ.
Пријателите на младиот во разговор за медиумите изјавиле дека седуммина од нив вечерта на нивното исчезнување прво отишле на вечера во ресторан во Бетон хол, а потоа во клубот „Готик“. Кога во еден момент друштвото сфатило дека Матеја веќе некое време го нема, почнале да го бараат внатре. На излегување од клубот сфатиле дека јакната му останала во гардеробата.
По пребарувањето, пријателите заминале во сместувањето, каде што се надевале дека ќе дојде наутро. Кога тоа не се случило, контактирале со полиција.
Секој со каква било информација се замолува да се јави во полиција или да се јави на +38598432700.