Јана има 21 година, нејзиниот партнер 48: Нивната љубов им пркоси на разликите во возраста и противењето на родителите

Кога минатата година се преселија во друг град да студираат, парот почна да се гледа почесто - тогаш беше вистинското време конечно јавно да ја покажат својата врска.

Јана Леонард (21) не бараше љубов кога го виде профилот на професорот по филозофија Питер Хајнрих (48) на Јутјуб пред нешто повеќе од три години.

Меѓутоа, кога почна да ги следи неговите видеа бидејќи и се допаѓаа многу, таа реши да му испрати е-пошта со цел да разговара со него за филозофијата.

Денес, овој пар е во среќна врска и тврди дека „љубовта не знае возраст“.

Сепак, нивните родители немаат исто мислење. Откако Петар и одговори на првата е-пошта на Јана, тие започнаа да си пишуваат, а тоа траеше три месеци, потоа се префрлија на видео повици каде знаеја да зборуваат со часови.

И тогаш тие донесоа одлука да се состанат. Во декември 2017 година, Питер помина 400 километри од неговиот дом во Франкфурт за да ја види Јана.

За Јана тоа беше љубов на прв поглед, но на почетокот Питер се двоумеше поради нивната голема разлика во годините.

Ја криеја својата љубов долго време

Сепак, по две години врска без обврски, тие сфатија дека веќе не можат да ги кријат своите емоции. Тогаш тие започнаа љубовна врска.

Иако нивните родители и пријатели на почетокот не ја поддржуваа нивната романса, тие на крајот мораа да ја прифатат.

"Никогаш не сонував дека ќе бидам со постар човек, особено бидејќи тогаш имав само 18 години. Бев фокусирана на своето образование во тоа време и немав време да размислувам за врските. Се надевав дека ќе студирам или филозофија или психологија, бидејќи ме интересираше тоа. Затоа, поголемиот дел од слободното време го поминував гледајќи едукативни видеа на Јутјуб, кога наидов на навистина интересен наслов“, изјави Јана за „Дејли меил“.


Гледајќи ги снимките на професорот по филозофија, тогашното 18-годишно девојче се помалку внимаваше на она што го зборуваше тој и беше се' повеќе воодушевена од неговиот изглед.

„Се запознавме околу четири недели по тој видео повик и веднаш штом тој ми пријде, срцето сакаше да ми скокне од градите. Почувствувавме љубов на прв поглед и само по неколку часа разговор и шетање веќе се бакнувавме. Сепак, сфативме дека е најпаметно да се сретнеме уште неколку пати за да се осигураме дека она што го чувствуваме е реално. Иако не ми беше грижа што мислат другите, Питер не беше премногу храбар и разликата во годините го натера да се чувствува несигурен “, вели Јана.

„Разговаравме цело време и се среќававме малку, но ја криевме нашата љубов од сите, што беше тешко, затоа што морав да ги лажам моите родители кога ќе ги видам“, се присетува таа на своите почетоци со нејзиниот 27-години повозрасен партнер.

Нарушена врска со родителите

Кога Јана минатата година се пресели во друг град да студира, таа и Питер почнаа да се гледаат почесто - тогаш беше вистинското време конечно да им раскажат на нејзините пријатели и семејства за него. И додека нејзините пријатели ѝ дадоа благослов, нејзините родители беа целосно против нивната врска.

„Мислам дека нашата врска ја уништи мојата врска со моите родители, а и родителите на Питер не сакаат да нè гледаат заедно. Сепак, нема да се откажеме од љубовта само затоа што тие мислат така “, изјави самоуверено за заљубената девојка.

„Иако се бориме со честите разделби, поради далечината, и двајцата пораснавме во нашата врска и толку многу се забавуваме заедно што ме прави да се чувствувам како да сум на врвот на светот.

Никогаш не сме се скарале, бидејќи знаеме дека комуникацијата е многу важна, особено во врска на далечина и навистина чувствувам дека сум ја запознала својата сродна душа “, рече 21-годишната Јана.

извор: stil.kurir.rs