Јелена Карлеуша ја има и на мебел: Погледнете како тоа изгледа
Српската дива Јелена Карлеуша во моментов е многу популарна иако нема извадено ниту една песна долго време.
Ама нејзината атрактивност, способноста за бизнис, маркетинг и привлекување на внимание се врвни.
На Инстаграм претстави фантастични чевли со кристали, ама наместо фокусот да биде на нив, сите фанови се загледаа во нешто друго.... Столицата на која беа оставени чевлите е со ликот на Јелена Карлеуша.
Не би не чудело некој да си порача за дома ваков дизајн.
Карлеуша никогаш не криела колку чини облеката што ја носи.
Некогаш достигнува сума и до 20.000 евра, а некогаш се облекува во фустани и од 30 евра. Но таа знае како!
Најновите сандали што ги прикажа на Инстаграм се на Ботега Венета и чинат 1045 фунти, или 1219 евра. Целите се прекриени со кристали и се светски број 1 меѓу модните зависници.