Спорт // Спорт
Јувентус плати 40 милиони евра и го обезбеди потписот на Киеза
Јувентус потврди дека го откупи договорот на Федерико Киеза од Фиорентина.
Според медиумите од Италија, Јувентус ја активирал откупната клаузула, и за сума од 40 милиони евра го потврди перманентниот договор.
Јувентус обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, и со тоа се реши да ја активира клаузулата, претходно „старата дама“ плати 10 милиони евра за позајмица на Киеза.
Киеза има 24-години, тој е член на репрезентацијата на Италија, за Јувентус запиша 61 натпревар и постигна 18 гола, во моментот тој не настапува за „старата дама“ поради повреда.