Како да го победите мамурлакот на работа?
Сигурно ви се случило после некое ноќно лудување да мора да се појавите на работа и да се борите со последиците од алкохолот..
Мамурлакот воопшто
не е пријатен и тоа е единстевната маана на ноќните излегувања. Меѓутоа,
мамурлакот знае да стане се полош, кога мора да се справувате со него на вашето
работно место. Тој ден веројатно ќе ви се препише дека сте го поминале во
пеколот, бидејќите поради болките во главата нема да можете да мислите, ниту
пак да работите, пишувате или да учествувате во состаноците.
Затоа одлучивме да ви дадеме неколку совети кои ќе ви помогнат да го победите мамурлакот, дури и за времето кое го поминувате на работа.
1. Пијте многу вода
Количеството на алкохол најчесто може да доведе до дехидрација на вашето тело и тоа е еден од последувателните симптоми на мамурлакот. Штом се разбудите, веднаш напијте се две чаши вода, а потоа продолжете да пиете вода и додека сте на работа. Продолжете да се хидрирате во текот на целиот ден и ќе видите дека ќе ви биде многу полесно.
2. Ладен туш
Ладниот туш ќе ви ја забрзи циркулацијата и ќе ве разбудиа воедно ќе го намали влијанието на мамурлакот.
3. Пешачете до работа
Физичката активност е исто така одлична во борбата против мамурлакот, па затоа задолжително потрудете се барем еден дел од патот кон работа, да го испешечите, бидејќи така алкохолот што ви е заробен во телото многу подобро ќе се апсорбира и исфрли од вашиот организам.
4. Енергичен појадок
Ќе биде супер доколку се потрудите да јадете добро и да имате избалансиран појадок кој ќе содржи масти, бидејќи тоа е најдобриот начин за да ги намалите ефектите од алкохолот во телото и да му дадете сила на вашиот организам да го издржи напорниот работен ден.