Како да се помират тврдокорните пушачи и Светската здравствена организација
Во Европската унија се води дебата на тема кој е најефикасниот план за намалување на штетите предизвикани од пушење. Заговорниците на производите без чад, повикувајќи се на неколку светски студии, инсистираат на ставот дека овие производи се многу помалку штетни во споредба со цигарите и дека треба да се користат. Од друга страна, дел од официјалните лица на ЕУ и научната заедница остануваат внимателни, истакнувајќи го недостатокот на информации за долгорочните ефекти на алтернативите.
Ризикот секогаш постои, но може да се намали штетата
Европската комисија зазема став дека сите научни проценки во врска со новите никотински производи ќе бидат внимателно разгледани. Пратеничката на десниот центар за Европскиот парламент, Марија Спираки смета дека целта треба да биде „двојна“ и дека на пушачите може да им се помогне да се откажат од традиционалното пушење со користење на нови тутунски производи, но дека пристапот до овие производи треба да биде уреден под многу строги услови.
„Носењето појас додека возите ја намалува штетата. На луѓето не им е забрането да ги возат своите автомобили, бидејќи тоа подразбира одредени ризици. Вие не го елиминирате ризикот, туку го намалувате“, вели тој.
Сличен став на оваа тема изнесе и Дејвид Свенор, канадски правник и професор на Универзитетот во Отава, истакнувајќи дека сè што прават луѓето носи извесен ризик. Свенор рече дека повеќе од 50 години знаеме дека луѓето не се разболуваат и умираат поради никотинот од кој се зависни, туку поради начинот на кој го внесуваат - со вдишување во белите дробови.
За пушачите единствен спас е алтернативата
За долгогодишните пушачи и зависници од никотин на кои им е многу тешко или никако не се во состојба да ги остават цигарите, користењето производи без чад може да претставува првиот чекор кон откажување од цигарите и намалување на ризикот од заразување со болести, за кои се знае дека се предизвикани од тутунскиот чад, сметаат многу експерти.
„Секој медицински експерт може да им помогне на пушачите да престанат да пушат,на начин на кој смета дека енајдобар за пушачот“, заклучи тој.
Заклучокот на многу светски експерти е дека несогорливите тутунскипроизводи навистина се алтернатива на цигарите, бидејќи го намалуваат ризикот по здравјето, што го потврдија телата како Вишиот здравствен совет во Белгија, Институтот за проценка на ризик во Германија (BfR), Институтот за здравје и животна средина во Холандија (RIVM), Кралскиот лекарски колеџ во Велика Британија или Американскара управа за храна и лекови(FDA).
ПР објава