Како да се преживее со 100 дeнари дневно? Ова се советите на најбогатиот човек на светот
Неговото богатство во 2024 година се проценува на 135 милијарди долари
Бил Гејтс даде интересна изјава, која насмеа многу луѓе и налути многу луѓе. Иако има повеќе пари отколку што би можел да потроши за педесет животи, основачот на компанијата Мајкрософт се обидел да замисли како би живеел доколку случајно е сиромашен.
Им помагаше на сиромашните во Африка и добро знае како луѓето преживуваат во екстремна сиромаштија, а сега понуди совети како да се преживее со само два долари дневно или околу 100 денари.
- Би одгледувал кокошки. Како прво, кокошките се лесни и евтини за грижа, а можат да придонесат за одржување на здравјето на децата бидејќи тие се непроценлив извор на хранливи материи. Јајцата можат да помогнат во борбата против неухранетоста, а постои и можност да се продаваат кокошки и јајца, а потоа да се искористат парите за купување друга храна. Затоа, кокошките се добра инвестиција. Да претпоставиме дека еден фармер почнува со пет кокошки. Еден сосед има петел кој може да ги оплоди кокошките за да имаат повеќе јајца. По три месеци фармерот може да има дури 40 кокошки. И конечно, продажната цена од пет долари за пилешко, што е типична цена во Западна Африка, може да доведе до профит од над 1.000 долари годишно – објасни Гејтс во својот блог.
Хм..што мислите вие за овој бизнис?
извор:magazin.novosti