Како да собира компири кога ужива на Хвар: Луксузот на Нина Бадриќ
Пред неколку
години, хрватската пејачка Нина Бадриќ купи имот на Хвар, кој сега го нарекува
втор дом. Остана верна на сите закони наметнати од далматинското поднебје, а тоа
се гледа во деталите.
Нина последните неколку дена одмара во својот дом на Хвар. За време на кризата поради коронавирусот, Бадриќ не остана без коментар, па таа повеќепати апелираше до Владата до сите проблеми со кои минуваат музичарите заради тешката работа поради строгите епидемиолошки мерки. Хрватската поп-пејачката им се обрати преку социјалните мрежи на властите на Хрватска да им овозможат на музичарите да работат.
– Ова не е хоби, ова не е шега. Од оваа работа зависи егзистенцијата на многумина кои останаа гладни и едвај врзуваат крај со крај. Го замолувам Министерството да се огласи по прашањето на нас музичарите и да ни овозможи, како било, се разбира почитувајќи ги заштитните мерки бидејќи здравјето е најважно, повторно да почнеме да работиме, замоли Бадриќ.
Обраќањето на Бадриќ привлече големо внимание, па на Фејсбук една жена ѝ понуди работа.
– Еве, за неколку дена ќе го вадиме компирот, триесет хектари, во околината на Бјеловар, и потребни ни се аргати, плаќаме 300 куни (околу 2.500 денари) од ден. Ве молам да ја известите личноста ако сака да работи. Може да ги земе со себе и Северина, Маја Шупут, Марко Грубниќ и сите оние што земаа помош од 4.000 куни. Само, да ѝ порачате да не ни дојде во дизајнерскиот фустан од 14.000 куни (115.000 ден.), со кој се пофали пред неколку месеци, бидејќи врнеше деновиве и мошне е калливо – порачала жената.
Ама сепак, Бадриќ некако не ја допираат овие изјави, посебно кога си ужива во вилата.
Оазата на Хвар на Нина Бадриќ е убава и внатре и надвор
Кога пред неколку години купила имот во Јелса, музичарката се посвети на уредување на летната оаза на Хвар. Тоа е место каде што ги полни своите батерии, го има потребниот мир и одмор за тело и душа. Остана верна на околината во која се наоѓа нејзиниот дом, па затоа се водеше низ украсувањето по белината на каменот на островот, природните бои и материјалите. Ентериерот и надворешноста на нејзиниот дом Хвар се целосно усогласени и подредени на уживање, Нина го покажа ова кога на Инстаграм објави фотографија од нејзиниот отворен простор на која може да ужива гледајќи го морето.
Минимализам, море и чисто задоволство
Вилата на Хвар, која Нина ја нарекува втор дом, е украсена со букети лаванда и хиреранта, украси со бел камен на sидовите, водени од минимализам кој сè уште го обезбедува посакуваниот луксуз и елеганција при живеење и релаксирање. Морето беше примарна ориентација при украсувањето на домот, така што од дневната соба прозорците даваат поглед на сината бесконечност.