Како денес изгледа омилениот Порше модел на Пабло Ескобар
Што и да ви падне на памет кога ќе помислите на Пабло Ескобар, тоа сигурно нема да вклучува тркачки автомобил ...
Сепак, аукциската куќа DuPont Registry неодамна го наведе својот најнов спектакл, личниот модел на Ескобар, Porsche 911 RSR од 1979 година, првично создаден за натпреварот Меѓународна трка на шампиони (IROC).
Во првата серија IROC беа претставени дванаесет идентични тркачки модели на RSR со возачи од различни дисциплини зад воланот. Идејата се засноваше на тестирање на можностите за возење, наместо на самите автомобили, додека автомобилот што го гледате погоре доаѓа како една од овие дванаесет единици. Го возеше Емерсон Фитипалди, кој беше на единаесеттото место на првата трка, но бидејќи станува збор за Фитипалди, тој наскоро ги стигна своите конкуренти и продолжи да го диктира темпото на трката скоро до крај, сè додека за жал излета од патеката дупнајќи го резервоарот.
Богатата историја на овој автомобил е само почеток на приказната, Ескобар го купи и накратко се појави во овој модел за време на колумбискиот шампионат Копа Рено 4, маскирајќи го во серија Порше 935, додека по неговата смрт овој автомобил заврши во гаражата на милијардерот и пензиониран тркач Роџер Пенске.
Таквите модели многу ретко можат да се видат на аукции, бидејќи се ограничени на само дванаесет единици и три помошни верзии, специјално создадени за IROC конкуренцијата досега.
Регистарот DuPont го нуди Porsche 911 RSR во својата целосна тркачка слава, опремен со Fuchs тркала со пет краци, тело „Short Hood“, сосема различно од верзијата „Long Hood“ што можеме да ја видиме кај основните RSR модели, препознатлив заден RSR и најинтересно од сè, три-литарскиот мотор со ладење во воздух доаѓа наместо популарната 2,8-литарска реинтерпретација, која заедно, покрај својата славна историја и фактот дека беше во сопственост на колумбискиот наркобос, го прават најмногу пожелен и редок модел 911 во светот.
Сите потенцијални идни сопственици на овој убавец ќе треба да издвојат 2,2 милиони долари...
Извор: Lux life