Како евтиниот костум да го направите да изгледа изгледа екстра скапо?
Мажите кои не носат костуми често не сакаат да трошат огромни суми пари на нешто што не им треба секој ден. Затоа има многу мажи кои носат евтини костуми. Меѓутоа, ваквите костуми честопати можат да создадат погрешна слика за нас, што понекогаш може да биде негативна работа.
Затоа решивме да ви дадеме неколку совети кои ќе направат вашиот костум да изгледа подобро и поскапо.
1. Структурирајте го
Евтините костуми често се премногу широки и не одговараат на вашите пропорции. Затоа е важно да посетите кројач кој ќе ви го обликува костумот според вашите мерки. Така ќе изгледа поелегантно и поскапо, а со тоа ќе ви изгледа подобро и ќе ве претстави во подобро светло.
2. Заменете ги копчињата
Заменете ги обичните копчиња со квалитетни и поскапи кои ќе го трансформираат вашиот костум. Можете да ги користите копчињата за да ја разбиете монотонијата или да додадете друга боја по ваш избор, како сребрена или златна. Ако ги замените копчињата на вашиот костум, ќе видите дека ќе изгледа многу поубаво и стилски.
3. Носете манжетни
Манжетните често се доказ за престиж и луксуз, па ако ги носите ќе создадете луксузен ефект кој на сите ќе им покаже дека имате скап и квалитетен костум. Можете да најдете манжетни во различни форми и бои, па затоа внимателно одберете ги оние кои најдобро ќе одговараат на вашиот стил и карактер.
4. Спојте го со добра вратоврска и марама
Вратските и марамите се најважните аксесоари кога се во прашање костумите и овозможуваат вашиот костум да добие душа и да го изгуби монотониот и кул изглед. Затоа изберете вратоврски и марами кои ќе ја разбијат монотонијата и кои ќе создадат поинаков впечаток.
5. Панталони по мерка
Доколку панталоните ви се премногу долги или прекратки, тогаш ќе изгледате смешно и вашиот костум нема да остави никаков впечаток. Меѓутоа, ако ги однесете панталоните кај кројачот и ги скратите колку што ви треба или соодветно да ви ги продолжи, ќе направите костум што ќе ги воодушеви и импресионира сите.
Фото: Pinterest