Како го поминаа Велигден дел од македонските политичари, во време на коронавирус?
Најчесто, за Велигден, политичарите ширум светот кои го слават празникот, споделуваат фотографии на социјалните мрежи со своите семејства, со јајца, во празнична и релаксирана атмосвера. Кај нас ретко кој се осуди да стави фотографија од семејството и како го дочекале големиот празник. Се разбира, секој си има право на одлуката како ќе си го празнува празникот и тоа е легитимо, но тие на некој начин се токму оние кои треба да дадат поттик, пример, сплотување...
Како и да е, време е на коронавирусот и нема да фаќаме забелешки, иако само пред една година се „тепаа“ кој побрзо ќе се фотографира пред црква за Велигден и ќе објави фотографија. Добро, полициски час беше, да не ситниме до толку. Сепак, одреден дел споделија како ги поминале велиденските денови. До душа, или со соопштенија или со фотки од јајца.
Стево Пендаровски
Претседателот упати убава Велигденска порака до сите граѓани во која повикува Христовата победа на смртта да ни биде инспирација и надеж да истраеме пред предизвикот и да излеземе како победници.
Наќе Чулев
Министерот за внатрешни работи излезе на терен и се кршеше со јајца, заедно со вработените во МВР.
Костадин Костадинов
Портпаролот на СДСМ беше еден од ретките кој покажа како го слави Велигден. Во релаксирна атмосвера, некаде кај Струмица, заедно со неговите блиски...
Антонио Милошоски
Пратеникот неодамна доби принова, а со целото семејство дома го дочека големиот празник.
Венко Филипче
Министерот за здравство постојано постираше на социјаните мрежи известувања и видеа за состојбата кај нас со коронавирусот. Поради тоа што е во изолација поради можна инфекција од вирусот, веројатно сам го прослави празникот.
Нина Ангеловска
Министерката за финансии беше најхрабра од сите. Се фотографира со Велигденските јајца.
Н.Т.