Како изгледа кога се вози најубавиот автомобил на денешницата?
Веќе пишувавме за овој „вселенски“ суперавтомобил.
Се работи за нов концепт од Mercedes-Benz. Автомобилот го носи името Визија АVТР, а името и изгледот на возилото се инспирирани од филмот Аватар од режисерот Џејмс Камерон, кој самиот учествуваше во дизајнирањето на ова возило.
Mercedes-Benz Vision AVTR нема управувач, туку треба да се контролира само со гестови, преку „контролна единица“ која се наоѓа во средина на кабината.
Ниту во возењето, Визија АVТР не е обичен. Неговите иновативни тркала му овозможуваат да се движи бочно, до агол од 30 °, што во голема мерка ќе го олесни маневрирањето во тесни места и при паркирање. Возилото е изработено од еколошки материјали, акумулаторот е дизајниран како комбинација на графен и органски соединенија и без ретки метали, а погонот е целосно електричен.
Но, она што е интересно е да се погледне како изгледа кога некој го вози, а тоа го направи атрактивната русокоса девојка која која се претставува под името Supercar Blondie која прва ги испробува сите најнови автомобили на денешницата.