Дома си е дома. И
секој дома си прави да му биде пријатно, неоптоварен од секојдневните
притисоци. Во тој „свет“ простор не мора да бидеме ни дотерани, ни нашминкани.
А, токму во време на коронавирус, вонредната состојба и изолацијата, кога сите сме дома, можеме да си дадеме оддишка и да си бидеме релаксирани. Видовме многу познати светски ѕвезди какви се по дома, а најчесто ни прикажуваат фотографии на кои не се нашминкани. И тоа е за поздрав. Посебно затоа што имаат смелост пред јавноста да се претстават во домашно издание. За поздрав се и неколку наши ѕвезди, кои објавија фотки без шминка. Изгледаат природно и негувано и докажуваат дека убавината е и во обичноста.
Еве како изгледаат без шминка:
Викторија Лоба
Дани Димитровска
Елена Ристеска
Калиопи
Каролина Гочева
Н.Т.