Здравје // Исхрана
Kaко ќе знаете дека глутенот ви пречи?
Се верува дека околу 40 проценти од светската популација е нетолерантна на глутен. Доколку имате некој од следниве симптоми, тоа би можело да значи дека и вие спаѓате во оваа група.
Ова се десетте знаци дека глутенот ви пречи:
- – Дигестивни нарушувања, како гасови, надуеност, дијареа, па дури и опстипација (најизразено е кај деца по консумирањето на глутен)
- – Кератоза пиларис (позната како „кокошја кожа“) на рацете
- – Замор по внесувањето на оброк кој содржи глутен
- – Дијагноза на автоимуни болести, како Хашимотов тироидитис, ревматоиден артритис, лупус, псоријаза, улцеративен колитис, скелодерма или мултипла склероза
- – Невролошки симптоми, како вртоглавица или чувство дека немате рамнотежа
- – Хормонална нерамнотежа
- – Мигрена
- – Дијагноза хроничен замор или фибромијалгија
- – Воспаление, оток или болка во зглобовите (прсти, колена, колкови)
- – Проблеми со расположението, како анксиозност, депресија и промена на расположението.