Како лилјакот стана предизвикувач на некои од најстрашните болести во ИСТОРИЈАТА на ЧОВЕШТВОТО

Генетската анализа на коронавирусот ги натера научниците да заклучат дека тој им е пренесен на луѓето од лилјаците. Но тие се криви за најсмртоносните епидемии со години, ако не и со векови. Мали, чудни, слепи суштества кои несвесно можат да ја преполоват човечката популација. Сите истражувања се сведоа на тоа дека на пазарот во Вухан, Кина, од каде и произлезе вирусот, лилјак заразил одредени животни кои се продаваат, па преку нив, човекот се инфицирал. Едно друго истражување вели дека Кинез изел лијлак, преносител на болеста...

Иако лилјаците можат да бидат заразени со некои од најопасните вируси познати на медицината, тие не се разболуваат затоа што не се засегнати од патогени кои инаку се опасни за луѓето. За разлика од стаорците и другите глодари, кои имаат репутација на ширење на болести, заразените лилјаци можат да опфаќаат огромни географски области бидејќи летаат и мигрираат на различни места во текот на целата година.

САРС

Новиот коронавирус не е, сепак, првиот фатален патоген што лилјаците му го донеле на човечката популација. Тежок акутен респираторен синдром (САРС) се појави во 2001-2003 година и уби 774 луѓе во 17 земји во светот, со повеќе од 8000 заразени со симптоми слични на грип.

ЕБОЛА

Овошните лилјаци се верува дека се главниот извор на вирусот ебола. Иако го носат вирусот и го шират, тие едноставно не покажуваат никакви симптоми, а кај луѓето тие се застрашувачки. Овие симптоми вклучуваат висока температура и дехидрираност поради повраќање и дијареја.

После една недела, некои пациенти доживуваат внатрешно и надворешно крварење, кашлање и повраќање, додека други крварат дури и со бела крв. Ебола за прв пат се појави во 1976 година во она што сега е Јужен Судан и Демократска Република Конго. Од тогаш до 2013 година, Светската здравствена организација регистрирала 2.387 пациенти и 1.590 смртни случаи.

И тогаш, во декември 2013 година, имаше голема епидемија на ебола во Западна Африка, со заразени 28.646 лица и 11.323 мртви. Се смета дека еболата се пренесувала на луѓето, кои можеби го добиле вирусот јадејќи овошје гризнато од заразени лилјаци. Но, можно е да постои директна врска - лилјаците живееле во фабрика каде што е забележан првиот потврден случај на ебола во 1976 година.

Беснило

Иако кучињата се одговорни за 99% од пренесувањето на беснило кај луѓето, лилјаците исто така играат улога во ширењето на болеста. Беснило предизвикува воспаление на мозокот кај овие цицачи и ги доведува до насилно однесување и бизарен страв од вода, проследено со смрт скоро секогаш. Се шири кај луѓето кога заразеното животно гризнува или ќе го гребне човекот или кога течностите на телото доаѓаат во контакт со човечки очи, нос или уста.