Како настанала една од најубавите македонски песни на сите времиња: Не ме допирај

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. 

„Не ме допирај“ (Маја Оџаклиевска) Григор Копров е автор на многу македонски хитови, а меѓу нив и рефренот „Не ме допирај“ со кој Маја Оџаклиевска во 1995 година победи на „Скопски фестивал“. 

- Маја напиша феноменален текст. Тогаш беше во посебна емотивна фаза. Таа песна е премногу лична, нејзино искрено доживување и случување од љубовниот живот–откри Копров во една прилика. Аранжманот е дело на Живојин Глишиќ.