Како невнимателен пензионер предизвика штета од 300.000 евра?

Фото: pexels.com/pixabay

80-годишен старец предизвикал штета од дури 300.000 евра во саботата во Линдау, Баварија, додека миел својот автомобил во авто перална, пренесува Fenix-magazin.de.

Огромната материјална штета настанала кога овој пензионер, додека го перел автомобилот, случајно ја стиснал педалата за гас, а неговиот електричен автомобил со целосна почетна брзина пред него удрил и истуркал два луксузни автомобили низ целата перална.

Забележана е значителна штета на сите три автомобили, кои полицијата ги проценува на 300.000 евра.